Јавен повик за стари и изнемоштени лица
Општина Куманово, за потребите на Проектот „Локална прегратка“ кој е дел од Програмата Општинско – корисна работа 2018, објавува Јавен повик за крајни корисници – лица коишто ќе ги користат бесплатните услуги што ги нуди Проектот.
Станува збор за третата проектна идеја во рамки на Проектот „Локална Прегратка“ т.е Сервис за стари лица во домашни услови, којашто ги опфаќа следниве услуги:
- Психолошка и социјална поддршка;
- Помош при извршување на секојдневните обврски;
- Оганизирање на поквалитетно структуирање на времето,
со цел унапредување на квалитетот на животот на старите и изнемоштени лица и нивна инклузија во заедницата.
За реализација на проектната идеја ќе бидат ангажирни лица во улога на Асистенти за стари и изнемоштени лица коишто услугите ќе ги вршат во домашни услови.Се повикуваат сите заинтересирани, стари и изнемоштени лица, кои се жители на општина Куманово, а коишто имаат потреба од користење на оваа услуга да се пријават во Општина Куманово ( стара Општинска зграда кај Катастар) во соба бр.1 или истото да го сторат на телефонскиот број 078/313-149 кај лицето Фросина Цветковска.
Јавниот повик се објавува за период од 01.08.2018 до 20.08.2018 година.
Општинска комисија за следење на проектот