Јавна расправа по Нацрт – Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)
Се отвора јавна расправа по текстот на Нацрт – Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2), утврден со Заклучок на Советот на Општина Куманово, бр. 09-5562/3 од 10.09.2020 година.
Јавната расправа ќе трае 15 дена, односно заклучно со 25.09.2020 година.
Мислењата и предлозите од јавната расправа, граѓаните и другите заинтересирани субјекти ги доставуваат до Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) при Општина Куманово.
Нацрт Одлука (Превземете тука)
Заклучок за утврдување на Нацрт-Одлука (Превземете тука)