Јавна трибина – историски час – изложба на тема “Борбено и слободарско Куманово”
Во Занаетчиски дом – Куманово се одржа јавна научна трибина – историски час – изложба на тема “Борбено и слободарско Куманово”, во чест на 79-та годишнина од првиот конгрес на НОМСМ.
На присутните гости и учесници на панел дискусијата им се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ги подвлече историските придобивки од НОБ, укажувајќи почит и благодарност на жртвите кои се бореа за денешната слобода.
Панелисти на трибината беа проф.др Венко Андоновски (Имаголошките претстави за Бугарите кај Волтер и за Македонците кај Маркес, сврзани со родното Куманово), проф.др Вера Антиќ (Рацин – незаборавник во времето) и проф.др Тодор Чепреганов (11 Октомври: 1941-2022).
Проф. по историја Маринела Јакимовска и граѓанскиот активист Сотир Костов се осврнаа на теми поврзани со нашето револуционерно минато:
– Народноослободителна епопеја 1941-1944 год.,
– Партизански одреди и Народни херои од Куманово,
– Споменици на НОБ во Куманово.
Борбениот дух и непокорот на нашите претци беше претставен преку изложените фотографии на тема – Партизански одреди и народни херои од Куманово.
Организатори на настанот се градоначалник и Совет на Општина Куманово, Сектор за образование, Фондацијата за култура и спорт Куманово и Институт Хабеас Корпус – Скопје.