Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Куманово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „ Локална прегратка 2“ за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години),

– Млади лица до 29 години,

– Лица постари од 50 години,

– Лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,

– Лица со попреченост,

– Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници,

– Лица припадници на ромската етничка заедница,

– Самохрани родители,

– Родители на деца со пречки во развојот,

– Родители на 3 и повеќе деца, и

– Лица со незавршено средно или пониско образование.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  1. Ментор за музички активности ( ангажман во траење од 6 месеци)

Потребни квалификации: ВСС- Професор по музичко образование или слично; Професор по одделенска настава или слично; ССС и искуство во естрада, културно – уметничко здружение и/или слично; Лица со незавршено образование и искуство во естрада, во културно – уметничко здружение и/или слично.

  1. Ментор за спортски активности ( ангажман во траење од 6 месеци)

Потребни квалификации: ВСС- Факултет за физичко образование, Факултет за физичко образование,спорт и здравје; ССС- Училиште за физичка култура; ССС и искуство во спорт, член на спортски клуб и/или слично; Лица со незавршено образование и искуство во спорт, член на спортски клуб и/или слично.

  1. Координатор за родители ( ангажман во траење од 6 месеци)

Потребни квалификации: Родител на лице со попреченост или Лице со искуство во работа со лица со попреченост.

  1. Образовен асистент ( ангажман во траење од 9 месеци)

Потребни квалификации: ВСС Професор по одделенска настава или Педагог, Психолог, Дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост), Социјален работник (во исклучителни случаи).

  1. Образовен асистент (ангажман во траење од 9 месеци)

  1. Асистент за стари лица ( ангажман во траење од 6 месеци)

Потребни квалификации: ВСС (Социјален работник, Психолог и слично); Лица кои имаат поминато обука за нега на стари лица; ССС (медицинска сестра, физиотерапевт); ССС или лица со незавршено средно или пониско образование; Самохрани родители.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска- Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и Ивана Костовска заменик- Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“  , Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ,  ЈУМ Центар за социјална работа – Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.

Општинска комисија за следење на проектот

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст