Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово за 2023 година

Ј А В Е Н   П О В И К

за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово за 2023 годинa.
Врз основа на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 16/22), Одлука за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица во Општина Куманово за 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.1/23) и Правилник за начинот и постапката за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово за 2023 година бр. 01-1264/1 од 06.02.2023 година, градоначалникот на Општина Куманово, распишува  

Ј А В Е Н   П О В И К

за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово за 2023 година

Јавниот повик се распишува заради обезбедување на социјална заштита во рамки на правата и должностите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија и законите, преку давање на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово.

За распишување на овој Јавен повик обезбедени се финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово во висина од 3 000 000 денари.

Финансиската поддршка на здруженија и други правни лица се однесува на вршење работи од социјална заштита, односно:

1. Финансиска поддршка на здруженија и други правни лица,кои се во фаза на подготовка и воспоставување на нови социјални услуги на територија на Општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита или иновативни социјални услуги и тоа:

Услуги на информирање и упатување;

Услуги на стручна помош и поддршка;

Услуги на советување;

Услуги во домот;

Услуги во заедницата;

Услуги за вон-семејна заштита.

2. Финансиска поддршка на здруженија и други правни лица,кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање на веќе воспоставени социјални услуги на територија на Општина Куманово.

3. Финансиска поддршка на здруженија и други правни лица заради вршење на други работи од областа на социјалната заштита, кои се од големо значење за граѓаните на Општината, а опфаќаат низа мерки и активности заради остварување и унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

Како подносители на барањата за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на Општина Куманово, може да се јават здруженија и други правни лица кои ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани/правни лица  и истите да се со седиште на територија на Општина Куманово како матична Општина;

2. Да имаат Статут и Програма за работа за 2023 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита;

3. Да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на социјалната заштита на територија на Општина Куманово;

4. Да имаат работно ангажирано минимум две стручни лица;

5. Да имаат обезбедено соодветен простор за работа;

Барателите кои ќе се пријават на Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово за 2023 година, потребно е да приложат:

1. Барање за остварување на право на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштитана територија на Општина Куманово за 2023 година (превземете ТУКА);

2.Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (со полн назив, адреса и регистрирана дејност), не постара од 6 месеци;

3. Статут на здружение/правно лице;

4. Програма за работа на здружение/правно лице за 2023 година;

5. Извештај за реализирани активности од областа на социјалната заштита во изминатите 3 години;

6. Потврда од Управа за јавни приходи (УЈП) за платени даноци и други јавни давачки;

7. Податоци за вработени лица во здружението/правното лице, кои вклучуваат име и презиме, нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство;

8. Трансакциска сметка на здружението/правното лице;

9. Детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и период на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности/социјални услуги дефинирани во јавниот повик, назив на социјалната услуга/активност/мерка и локално значење од развој на услугата/активноста/мерка;

10. Детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот.

Барањето, уредно пополнето со целокупната документација се доставува во писмена форма, во рокот утврден во Јавниот повик, во општинската архива или по пошта, со назнака:

„До Комисија за разгледување на барања за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово“- Општина Куманово , ул.  11-ти Октомври бб, 1300 Куманово“.

Сите заинтересирани здруженија/правни лица, барањетозаостварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на Општина Куманово за 2023 година, можат да го превземат од web страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mkили на портирница во зградата на поранешен „Козјак“.

Рокот за поднесување на барања за учество на Јавниот повик ќе трае 15 (петнаесет) дена, односно од 13.02.2023до 27.02.2023 година.

Барањата со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Сите заинтересирани здруженија/правни лица подетални информации за Јавниот повик можат да добијат на телефон: 078292799,лице за контакт Александар Крстевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст