Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

100-годишнина од раѓањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош

Денеска се одбележаа 100 години од раѓањето на легендарниот револуционер, командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош во неговата Куќа музеј, како значаен датум од нашата историја. Согласно проектот на Сојузотна филателиститена Македонија “Сто години од раѓањето на седум народни херои во 2021“,беше промовиран пригоден плик, на кој е отпечатен ликот на Карпош, придружен со соодветни филателистички податоци. Целта е да се остави во наследство споменот на неговото дело преку соодветен филателистички материјал. Пригодниот плик е дело на академската сликарка Воскресија Андреевска.Во соработка со АД Пошта на РСМ пликот е украсен со македонскапоштенска марка. Денеска Поштата во Куманово ќе користипригоден печат со ликот на народниот херој Карпош, кој е со еднодневна употреба.Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски имаше свое обраќање на свеченото одбележување на јубилејот.


 

 

 

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст