118 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев
По повод одбележувањето 118 години од загинувањето нa македонскиот револуционер, визионер, организатор и предводник на
македонското национално ослободително движење Гоце Делчев, Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски и претседателката на Советот на општината Атина Мургашанска со претставник од општинската администрација, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата “Св.Спас” во Скопје.