17-то издание на Меѓународниот фестивал на детска песна “Распеано детство”
По повод 01 јуни-Меѓународен ден на детето вечерва во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово се одржа 17-тото издание на Меѓународниот фестивал на детска песна “Распеано детство”. Фестивалот е организиран од страна на Здружението “Етно ризница”, со поддршка од Општина Куманово. Учество зедоа дечиња од РСМ, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, а беа презентирани 16 нови детски песни. Присуствуваа претставници на општинската администрација.