17-то издание на фестивалот “Рома труба фест”
Вечерва на градскиот плоштад по 17-ти пат се одржа фестивалот “Рома труба фест”. Покровители на оваа културна манифестација се градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на РСМ, а организатор е Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир”-Куманово. Традиционално фестивалот го отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој потенцираше дека целта на фестивалот е ромската традиција и обичаи преку песни и игри да се пренесат, промовирааат и доближат до неромското население на овие простори. Настапија оркестрите: Мануел Аметовиќ, Исидор Зеќировиќ, Кристијан Азировиќ, Владимир Ивановиќ и Бојан Ристиќ од Србија, Брас бенд- Бугарија, Севен Масар Кадриев- Белгија, Кеми Асанов- РСМ.