Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

25-то издание на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”

Вечерва во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово свечено беше отворено 25-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”. Пред почетокот на претставата “Приватни животи” на Градски театар од Винковци, Р Хрватска, беше доделена наградата Лауреат на Денови на комедија, која оваа година ја понесе македонскиот актер Благоја Чоревски. На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, претседателката на Совет на Општината Ивана Ѓорѓиевска, како и министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст