30-годишен јубилеј на балетското студио “Ултра”-Куманово
Вечерва во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” балетското студио “Ултра”–Куманового одбележа 30-годишното успешно опстојувањево сферата на модерните танци, поддржано од градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Заедно со Александра Димитриевска, која е основач и кореограф на ова Студио, бележат бројни настапи на фестивали и натпревари. “Ултра” е единствено балетско студио во нашата држава, кое се закити со титулата светски првак во категоријата модерен балет за деца. На јубилејниот концерт настапијадеца и младинци од ова Студио, претставувајќи се со повеќе танцови стилови, кои ги негуваат и развиваат. Учествуваа и шест танцови студија одРСМ: “Анабела”-Велес, Денс студио-Гостивар, “Dancers United”-Скопје, “Магија”– Пробиштип, “Динамик” и “Fusion” од Куманово. На концертот присуствуваа градоначалникот и претседателката на Совет на Општина Куманово.