4-ти Меѓународен фестивал на краток филм „Филмај“
Вечерва во НУ Центар за култура „Tрајко Прокопиев“–Куманово се одржа 4-от Меѓународен фестивал на краток филм „Филмај“. Фестивалот го организира Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово, а од официјално селектираните филмови беа прикажани: венецуелскиот „Импровизирана земја“, италијанскиот „Свет син“, Work It Class!- Шпанија, австралискиот „Мајсторот“, „Сочувствување“-САД и домашниот студентски документарец „Мачор“. На фестивалот присуствуваше секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.