Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

6 Април, Меѓународен ден на спорт и мир

Денеска во Куманово се одбележа 6 Април,Меѓународен ден на спорт и мир. На едукативниот дел се дискутираше на тема Развој на спортската администрација на територија на Општина Куманово, каде присуствуваа претставници од Македонски олимписки комитет, секретар на Општината, претседателка на Совет, претставници од општинска администрација, ОССК и спортски работници. На атлетската патека во ОСТУ Наце Буѓони-Куманово ученици-спортисти, членови на повеќе спортски клубови демонстрираа различниспортски дисциплини. На просторот околу спортските терени беа засадени садници заедно со СЕЕБРИГ. Согласно досегашните спортски достигнувања, развојот на спортот во повеќедисциплини, Општината ќе продолжи да вложуваво спортот како физичка активност, преку којаучениците се изградуваат во здрави и зрелиличности, кои се на добар пат да станат врвни спортисти и достојно да го претставуваат нашиот град во државата, но и надвор од неа.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст