78 години од формирањето на 3-та Македонска ударна бригада во с.Жегљане
Денеска се одбележаа 78 години од формирањето на 3-та Македонска ударна бригада во с.Жегљане, традиционално во организација на Општински одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи-Куманово. Пред присутните се обрати Благе Јакимовски, потпретседател на Сојуз на борци-Куманово.Пред спомен плочата во училишниот двор во с.Жегљане свежо цвеќе положи Градоначалникот на Општина Куманово и делегации на Сојуз на борци.