79 години од излегувањето на јадрото на кумановскиот партизански одред
Денеска пред споменикот во Цекова Бавча, во близина на спортската сала, со пригодна програма и полагање на цвеќе, се одбележаа 79 години од излегувањето на јадрото на Вториот партизански одред. Делегации на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, борците, членовите на Сојузот на борци, АРМ и учениците положија свежо цвеќе на спомен обележјето. Настанот е во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ (1941-1945).