Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Shpallje publike

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (’’ Службен весник на РМ’’ бр. 209/18), Градоначалникот на Општина Куманово објавува

                                ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Куманово и доверителите на единките корисници  основани од Општина Куманово, од областа на образованието, социјалната заштита и културата, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Куманово и доверителите на единките корисници основани од Општина Куманово, од областа на образованието,  социјалната заштита и културата, да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Куманово и доверителот
  • Фактура/ Ситуација за задолжувањето ( аналитичка картица).

   Документацијата целосно пополнета се доставува во оргинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

             Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk 

Пријавата можете да ја превземете ОВДЕ.

Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 10 ( десет ) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Јавнот повик и обрасците ,,Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Куманово и доверителите на единките корисници основани од Општина Куманово од областа на образованието, социјалната заштита и културата,  за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања бр.08-8040/1 од 10.12.2018 година’’ ќе бидат објавени и на web страната на Општина Куманово.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка, со назнака „За Јавен повик за пријава на доверители“ или лично во писарницата на Општина Куманово (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул. ,,11 Октомври ’’ бб. 1300 Куманово.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални имформации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 031/475-820 и 031/475-821 – Сектор за финансиски прашања, или електронската адреса: [email protected]

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Куманово ќе ги разгледа пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Куманово ќе постапи во согласност со член 8 став 2 и став 3 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски           („Службен весник на РМ’’ бр. 209/18).

Бр.08-8040/1

од 10,12,2018 године

Куманово

 

 

                                                                         ГРАДОНАЧАЛНИК

                                         НА   ОПШТИНА КУМАНОВО,

                                                                     Максим Димитриевски

                                                                                                                                   

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст