Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан дваесет и први состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 05.04.2020 година (недела)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 

  • Барање од Комисија за заразни болести во Министерство за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово за бројот на позитивни случаи од персоналот во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капацитетите на болницата во овие околности.
  • Бараме од Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во Република Северна Македонија.
  • Бараме од кризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое дирекно ќе се вклучи во работата на ОШЗС.

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст