Четириесетта седница на Советот на Општина Куманово
На 15 април 2020 година (среда), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи четириесетта седница на Советот на Општина Куманово
Дневен ред
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Одлука за обезбедување на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема, средства за дезинфекција и храна за потреби на Општина Куманово;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;
Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси.