ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 21.04.2020 година (вторник)
Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Се препорачува на Општина Куманово да обезбеди дополнително количество на заштитни маски, кои преку штабот бесплатно ќе се делат на граѓаните на Општина Куманово на повеќе пунктови низ градот.
- Се препорачува на Општина Куманово да обезбеди дополнителен број на луѓе, вработени во општинската администрација, за потреби на ОШЗС, кои ќе работат на дистрибуција на хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства.
- Апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.
НАПОМЕНА:
– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии.
Општина Куманово
Градоначалник,
____________________
Максим Димитриевски