Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на ЛЕСС-Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска
присуствуваше на работна средба со членовите на Локален
економско-социјален совет-Куманово. На средбата беа презентирани
досегашните активности на ЛЕСС и неговата улога за време на
пандемијата со COVID-19. Беа разгледани и областите на делување
во изработка на Стратегија на ЛЕСС (2021-2025), како и Дијагностика
на пазарот на труд во општина Куманово, документ со анализи на
постоечки податоци на невработени лица во Куманово, на
побарувачка на пазар на труд и останати значајни ставки, кои ќе бидат
основа за изработка на Стратегијата.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст