Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски се вакцинираше против Ковид-19

Градоначалникот Максим Димитриевски ја прими првата доза на вакцината “Синофарм” во регионалниот центар за имунизација во Куманово. Тој се заблагодари на здравствениот персонал и волонтерите за одличната организација во Куманово во процесот на имунизација.

,,Во рамки на вакцинирање на вработените во Општина Куманово одевме по редослед по старосна граница, имав можност да примам вакцина против Ковид-19. Првин сакам да се заблагодарам на сите вработени во Центарот за имунизација против Ковид-19 во Куманово, ова е регионален центар, гледам дека организацијата е добра на високо ниво.

Ги поздравам сите здравствени работници, сите волонтери кои доаѓаат и од Факултетот за медицински науки и секако претставниците на Црвениот крст, МВР и Армијата и да посакам што поголем број на граѓани да го искористат своето право да се имунизираат бидејќи тоа е најдобриот начин да се заштитиме себеси од оваа глобална пандемија на светско ниво, изјави Градоначалникот.

,,Ние како Општина Куманово ја дадовме целосната логистика за оформување на овој Ковид центар за вакцинација и условите за работење како што гледате се прилично добри на високо ниво, заедно со Здравствениот дом во Куманово. Денеска примив „Синофарм“ вакцина, гледам дека најголем број од вакцините што ги примаат граѓаните се токму такви. Инаку сите вакцини се добри, секоја вакцина која минала тест, апсолутно верувам дека е сигурна и безбедна за секој граѓанин, но упатствата ги даваат сепак здравствените работници”- рече Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст