Во тек е педесет и седмата седница на Советот на општина Куманово
Во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации во тек е педесет и седмата седница на Советот на општина Куманово, на чиј дневен ред во моментов се советнички прашања, на кои одговор даваат Градоначалник на општина Куманово Димитриевски, одговорни лица од Секторите при општина Куманово и директорите на Јавните претпријатија.