Потпишан Договор за реализација на проектот “Внатрешно уредување на спортската сала во Куманово”
Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021. и 2022 година, Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска потпиша Договор со директорот наБирото за регионален развој-Министерство за локална самоуправа, Рамиз Реџепи за реализација на проектот “Внатрешно уредување на спортската сала во Куманово”.