Меѓународната ликовна изложба „Карпино 2021“
Вечерва во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово беше отворена меѓународната ликовна изложба „Карпино 2021“, организирана од страна на мултимедијалниот центар „Карпино“-Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Оваа традиционална изложба се одржува по 19-ти пат, во чест на одбележувањето на 11 Ноември, Ден на ослободувањето на нашиот град. Годинава учествуваат десет уметници од РСМ и еден од Србија со вкупно дваесет изложени слики, претставувајќи ги своите дела во неколку техники. Изложбата ја отвори секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.