Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Почит за паднатите борци по повод 77 години слободно Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна Спомен костурница, денеска започна одбележувањето на  11 Ноември-Ден на ослободување на Куманово. Традиционално, бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот: претставници од Сојуз на борци од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, градоначалник на Општина Куманово, Совет на Општината, Општините Прилеп и Крива Паланка, Министерство за одбрана и Генерал штаб, СВР, амбасадор на Република Унгарија, делегации на Амбасадите: НР Кина, Русија, Украина, Романија, Катар, на Меѓународна организација за миграција, делегации на збратимени градови: Бијелина, Р.Српска-БИХ, Беране, Црна Гора, Нови Сад, Р.Србија, на политички партии, општински училишта, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, невладини организации. Пред присутните со пригоден говор се обрати претставник од ЗАПВАРС.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст