СООПШТЕНИЕ
Општина Куманово активно работи на доделување на лиценци за вршење на јавен превоз во постапка, која е во тек. При водење на постапката најпрвин се зема интересот на граѓаните да им се обезбеди квалитетен, еколошки и безбеден јавен превоз, а не како во претходниот период да се води интерес за превозните компании на штета на услуга кон граѓаните. Во најкус можен рок, по целосна проверка на поднесените пријави за јавен превоз и утврдување на, пред се, еколошките и безбедносни параметри на возилата, кои се понудени од страна на превозниците, ќе бидат донесени и соодветни решенија и одлуки, со цел граѓаните на Куманово да добијат градски превоз, согласно сите европски стандарди.