Димитриевски на средба со заменик амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска имаше работна средба со заменик амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џефри Голдстајн и неговите соработници: Алексеј Гавриш, Лука Сасо и Еркан Хасан. На средбата се разговараше за функционирањето на локалната самоуправа, како и за претстојната работилница, која ја организираат Националниот Демократски Институт – Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на тема “Обезбедување кохезија – градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување”, на која ќе присуствуваат градоначалникот, претседателката и членови на Совет на Општина Куманово.