Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одбележа 6 Април-ден на 8-те загинати авијатичари

Традиционално и оваа година достојно се одбележа 6 април, денот на бомбардирањето на аеродромот во близина на Куманово, кога беше нападната војската на Кралството Југославија од страна на Германија во 1941 година, што воедно беше означен и почетокот на Втората светска војна. На овој значаен историски ден пред споменикот на 8-те загинати авијатичари свежо цвеќе положија делегации од Општина Куманово и Совет на Општината, предводени од секретарот и претседателката на Совет, невладини организации и политички партии.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст