Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

30-годишен јубилеј на балетското студио “Ултра”-Куманово

Вечерва во НУ Центар за култура Трајко Прокопиев балетското студио УлтраКуманового одбележа 30-годишното успешно опстојувањево сферата на модерните танци, поддржано од градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Заедно со Александра Димитриевска, која е основач и кореограф на ова Студио, бележат бројни настапи на фестивали и натпревари. Ултра е единствено балетско студио во нашата држава, кое се закити со титулата светски првак во категоријата модерен балет за деца. На јубилејниот концерт настапијадеца и младинци од ова Студио, претставувајќи се со повеќе танцови стилови, кои ги негуваат и развиваат. Учествуваа и шест танцови студија одРСМ: Анабела-Велес, Денс студио-Гостивар, Dancers United-Скопје, Магија Пробиштип, Динамик и Fusion од Куманово. На концертот присуствуваа градоначалникот и претседателката на Совет на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст