Делегација од Општина Куманово во посета на Европскиот парламент во Брисел
Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на Општината Максим Димитриевски е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот “The Most Roma Friendly Mayor”, на покана на активистите од невладиниот сектор, кој работи на прашања поврзани со припадниците на ромската етничка заедница на Балканот. Во рамките на викендот на Ромите во Европскиот парламент се одржува конференција, на која учество ќе земат повеќе претставници од општините од Западен Балкан, невладини организации и пратеници од Европскиот парламент.