Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа првиот Меѓународен фестивал на прозата

Вечерва во Националната установа Центар за култура Трајко Прокопиев-Куманово се одржа првиот Меѓународен фестивал на прозата, со поддршка на Општина Куманово и Министерство за култура на РСМ. Пред бројните љубители на пишаниот збор се претставија писатели од нашата држава, Босна и Херцеговина и Бугарија, кои ја промовираат книгата и овој вид уметност. Од името на Општина Куманово фестивалот го отвори секретарот на Општината, Александар Гелевски, кој потенцираше дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува културните настани, кои се олицетворение на нашата културна традиција и историја, искрено надевајќи се дека овој фестивал ќе прерасне во традиционален.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст