Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оригинална урбана уметност на “Графити фест” во Куманово

Денеска во организација на “Форма”- Куманово,  по четвртти пат во нашиот град, се одржува “Графити фест”. Млади уметници од РСМ, Р Словенија и Р Турција цртаат графити на слободна тема во населбата Гоце Делчев, поранешни простории на Агро Куманово. Намерата на оваа позитивна активност е уредување на различни делови од градов, преку посветеност на младите лица, со цел да се пренесат значајни општествени пораки на припадниците на младинскиот општествен активизам. Ова претставува пример за проширување на мрежата на контакти помеѓу уметниците, кои добиваат можност да го подобрат својот потенцијал, а истовремено создаваат нов лик на објектите, на кои творат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст