Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Културна манифестација “Мајски ракувања”

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа традиционалната културна манифестација “Мајски ракувања”, организирана од страна на Здружението на пензионери Куманово. Со културно-уметничка програма преку песни и игри членовите на ова Здружение уште еднаш докажаа дека се едно од најактивните во Сојузот на здруженија на пензионери на РСМ, чиј број континуирано расте, за што се доказ бројните  активности во сите општествени сфери. На манифестацијата присуствуваше претседателката на Совет на Општина Куманово, Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст