Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентација на втор повик за социјални услуги за североисточен регион

Денеска во Кружна сала на зградa на поранешен Комитет се одржа презентација на вториот јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, вклучително и можностите и придобивките кои се отвораат за граѓаните, наменета за североисточниот регион во организација на Министерство за труд и социјална политика во соработка со Општина Куманово.

Настанот се организира со цел:

• Поттикнување на интерес меѓу локалните потенцијални даватели на услуги и
општините за учество на повикот;
• Истакнување на поддршката која ќе биде овозможена за подготовка на предлог
проектите;
• Споделување на искуства од претходниот повик во насока на подобра
подготовка на потенцијалните апликанти и добивање на поквалитетни
апликации;
• Претставување на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како
еден од „инструментите“ на поддршка во успешното реализирање на сеопфатна
социјална реформа која има за цел зајакнување на човечкиот капитал,
намалување на сиромаштијата и подигнување на квалитетот на животот во
земјата;
• Истакнување на значењето на процесот на децентрализација и улогата на
општините и граѓанскиот сектор во градењето на одржлив и функционален
систем за обезбедување на социјални услуги.

На настанот учество земаа и претставници од општинската администрација, а свое воведно обраќање имаше Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст