Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на Димитриевски со претставници на ЈП ЖРСМ инфраструктура

По иницијатива на жителите на с.Романовце и членови на Советот на Општина Куманово од сите политички партии, денеска градоначалникот Димитриевски одржа работна средба со директорот на ЈП ЖРСМ инфраструктура, Хари Локвенец и претставници од ова ЈП, во врска со состојбата во делот на безбедноста, движење и одвивање на сообраќајот во с.Романовце, особено на премините каде што поминуваат возови на главната пруга. Жителите на с.Романовце ги изнесоа своите конкретни и прецизни барања за дополнително обезбедување на самите железнички премини и покачување на нивото на безбедност при поминување. Директорот Локвенец образложи дека на наведените премини и покрај тоа што се соодветно обележани, не се почитуваат сообраќајните сигнализации. Надлежните од ЈП ЖРСМ инфраструктура, согласно нивната динамика за инвестиции, преземаа обврска за инвестирање во постоечката сообраќајна мрежа, во делот на подигање на нивото на безбедност. Првично, од нивна страна ќе биде направен целосен увид на состојбата на сите три премини, кои гравитираат во реонот на ова село. Дополнително, ќе ги заменат постоечките оштетени сообраќајни сигнализации и знаци. За поставувањето на рампата од ЖРСМ укажаа дека прво треба да се провери дали има постоечка инфраструктура за да може истото да се изврши. иЌ ќе биде поставенаат една рампа на главниот премин, а на вториот премин ќе биде поставена дополнителна гумена подлога за поминување. Согласно инвестициските планови на ова ЈП, се очекува изградба на модерни и современи премини со дополнително обезбедување на пругата. Градоначалникот Димитриевски упати апел до граѓаните на Општина Куманово за подигање на нивото на свест за безбедност и сигурност, особено во делот на поминување на пругите, со особено внимание на постоечката состојба во овој дел од Општината, бидејќи првенствено самите треба да се грижиме за сопствената безбедност. Беше потенцирано дека граѓаните имаат поддршка од Општина Куманово во своите барања, но секако првенствено да го почитувааат Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Ова е меѓународна пруга, која е регулирана со меѓународни договори на државата и апсолутно е неприфатливо да се блокира движење на сообраќајот на меѓународните коридори.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст