Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Најава за отпочнување на новиот Проект „Инклузивна училница“ од Програмата Општинско корисна работа 2022/2023

Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово ќе започне со подготовки за отпочнување на новиот Проект под наслов „Инклузивна училница“, кој ќе се реализира во период од септември 2022 година до јуни 2023 година. Преку проектот ќе бидат ангажирани 15 невработени лица во улога на образовни и лични асистенти на учениците со попреченост вклучени во образовниот процес во средните училишта во нашиот град.

Како новина, освен 20 % учество на Општината во месечниот надоместок на ангажираните лица, кој изнесува 9000 денари бруто, во овогодинешниот проектен циклус од буџетот на Општина Куманово ќе се изврши дополнително финансирање во висина од 5000 денари во месечниот надоместок, при што вкупниот бруто износ на ангажираните лица ќе изнесува 14000 денари со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест,  за 4 часовно скратено работно време.

Воедно ја известуваме кумановската јавност и сите заинтересирани лица коишто би сакале да учествуваат во проектот истото да го сторат со пополнување на пријава за учество во Центарот за вработување Куманово во врска со  јавниот повик којшто ќе биде објавен на веб страната на Општина Куманово, во првата половина на месец август оваа година.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст