Благодарност до градоначалникот и Совет на Општина Куманово од Мото клуб “Мечки”-Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со претставници на Спортското здружение на мотоциклисти Мото клуб “Мечки”-Куманово, по повод одржаниот Мото фестивал “Беарс Мото Рок Фест”. Овој целодневен културен настан беше организиран од страна на “Мечки”-Куманово, а поддржан од Општина Куманово. На средбата беа доделени благодарници на градоначалникот Димитриевски и на Советот на Општина Куманово за несебичната поддршка во одржување на целиот настан. И оваа година присутните на фестивалот беа сведоци на квалитетна музичка програма.