Изложени дела од Ликовната колонија “Куманово 2022”
Под покровителство на градоначалникот и Совет на Општина Куманово и Министерство за култура на РСМ, во соработка со НУ Музеј-Куманово, организирано од Фондација за култура и спорт, од 05.08.2022. до 12.08.2022 година се одвиваше интернационалната Ликовна колонија “Куманово 2022”, на која учествуваа 15 уметници од: РСМ, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, со по две уметнички дела. Денеска делата беа изложени во ресторан “Грација”. На изложбата присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината. Димитриевски го поздрави нивниот талент и ангажман на полето на ликовната уметност, посакувајќи бројни нови уметнички дела, кои ќе заземат достојно место во нашата културна ризница.