Се одржа Јавна дебата “Алатки за подобрување на инспекцискиот надзор на локално ниво”
НВО “Бенефит Плус”-Скопје активно работи на проектот “Алатки за подобрен инспекциски надзор на локало ниво”, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ. За таа цел денеска во зградата на поранешните општествено-политички организации се одржа јавна дебата “Алатки за подобрување на инспекцискиот надзор на локално ниво”, во врска со состојбата со животната средина и загадувањето во Општина Куманово. На дебатата присуствуваше претседателката на Совет на Општина Куманово, на која беа донесени соодветни заклучоци, значајни за споменатиот проект.