Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Претседателка и членови на Совет на Општина Куманово во посета на СОУ Гимназија “Гоце Делчев”

 

Согласно со Одлуката на Советот на Општина Куманово за давање согласност за времена реализација на воспитно-образовниот процес за дел од учениците од ООУ “Браќа Миладиновци” и “Крсте Мисирков” во училишни простории на СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, денеска претседателката и членови на Совет на Општината беа во посета на ова училиште. Во целосно реконструираниот дел на Гимназијата, тие се уверија дека треттоодделенците, кои времено ќе учат во “Гоце Делчев”, ги имаат сите потребни услови за непречено одвивање на образовниот процес, што претставуваше единствена опција за успешен старт на новата учебна година. Привременото просторно решение за овие ученици претставува соодветен чекор во реализирање на понатамошниот образовен процес.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст