Благодарност до градоначалникот на Општина Куманово
Организацискиот тим на “Етно Ризница” Куманово денеска на градоначалникот на Општина Куманово му врачи Благодарница во знак на благодарност за поддршката на Општината за успешно одржување на 10-тото издание на “Тумба фест”.
Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека Општината ќе продолжи да ги подржува културните настани,негувајќи ја богатата традиција и култура,притоа искажувајќи го личното задоволство и благодарност до тимот за организацијата на музичкиот настан. Меѓународниот фестивал на македонската народна шегобијна песна “Тумба фест” е единствена манифестација која ја го чува културното богатство и нашето автентично јазично обележје.