Благодарница за Општина Куманово за финансиска поддршка на олимпискиот тим за учество на Меѓународна олимпијада по хемија
По повод одржаниот 54-ти Меѓународен натпревар по хемија ICHО-2022 во Кина, на кој ученичката Ања Спасовска од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово се закити со бронзен медал, денеска на Природно- математичкиот факултет-Скопје се одржа средба со учениците и сите оние кои беа вклучени во процесотна организација и реализација на активностите. Оваа средба е организирана од страна на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија. По тој повод на средбата присуствуваа секретарот на Општина Куманово Гелевски и раководителот на Сектор за образование Јовановиќ, согласно со доделената финансиска поддршка од локалната самоуправа на олимпискиот тим за учество на Меѓународната олимпијада.