Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Студиска посета на Србија

Во рамките на проектот “Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените подрачја”, кој е поддржан од Европската Унија, односно ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка,беше реализирана тридневна студиска посета на Србија од страна на претседателка на Совет на Општина Куманово, членови на ЛЕСС и Регионална занаетчиска комора на РСМ, во организација на Граѓанскиот Центар Активум од Куманово, МИР од Скопје и НАЛЕД како организатор и носител од српската страна.
Проектот се спроведува во општините Лебане, Власотинце и Сурдулица од Република Србија и двете општини од нашата земја, Куманово и Старо Нагоричане. Активностите опфатија и презентација на локалните и националните иницијативи за локален развој,беа разменети и искуства помеѓу ракотворците и пчеларите од сродните друштва од двете земји.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст