Одржана премиера на претставата “А да ме прашаше некој нешто”
Вечерва во Занаетчиски дом-Куманово се одржа премиера на претставата “А да ме прашаше некој нешто”, финансиски поддржана од Општина Куманово. Во претставата настапија членовите на Драмското студио при НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово, кои се ученици во СОУ Гимназија “Гоце Делчев”: Мила Павловска, Милан Петровски, Александра Митиќ, Теодор Јакимовски и Ива Јовановска. Во улога на режисер на претставата се јавува Драгана Гунин, која е и менторка во Драмското студио. Ова студио успешно функционира три години и досега имаат одиграно три претстави. Вечерашната претстава е создадена од страна на овие млади луѓе, а истата разработува актуелни и значајни теми за младата популација. Премиерата на оваа претстава ја проследи претседателката на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.