Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ј А В Е Н  П О В И К за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2023 година  

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2023 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, бр.01-7510/1 од 22.09.2022 година, Општина Куманово објавува

Ј А В Е Н  П О В И К

                за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2023 година  

            Со цел унапредување и развој на културата во Општина Куманово,како и успешна реализација на Програмата за културни манифестации за 2023 година, се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови:

  1. Критериуми

Како подносители на  предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2023 година можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, согласно законот и истите да се со седиште на територија на Општина Куманово како матична општина;
  • да придонесуваат за збогатување на културниот живот во Општината;
  • да придонесуваат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на Општина Куманово;
  • да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници;
  • да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците;
  • да обезбедат континуитет на традиционалните културно- уметнички манифестации кои се од локален карактер.
  1. Потребна документација

Подносителите на барања потребно е да достават:

  • барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт), краток опис на организацијата, предлог-проект за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација, потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
  • доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на културата со седиште на територија на Општина Куманово (тековна состојба од Централен регистар).
  1. Рок и начин на доставување на барањата

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk  и ќе трае 30 дена од денот на објавувањето.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за култура и спорт, за Јавен повик од областа на културата“.

Барањата кои ги исполнуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2023 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст