Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан деведесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 03.10.2022 година (понеделник)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во проширен состав, заради појава на свинска болест афричка чума. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Ги информираме граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители.
  • Агенцијата за храна и ветеринарство согласно донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста афричка чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки:
    • Забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места;
    • Вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот го вршат надлежни ветеринарни друштва;
    • Клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште;
    • Забрана за колење на свињите во домашни услови се до добивање на негативен резултат;
    • Животните кои покажуваат клинички знаци што укажуваат на присуство на афричка чума кај свињите, ќе се убијат и нештетно отстранат и од истите ќе се земат примероци (органи) за лабораториско испитување;
    • Трошоците за клинички преглед и лабораториски испитувања се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, со запазување на сите биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалиште.
  • Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или убиени свињите, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Република Северна Македонија.
  • Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до сите одгледувачи на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите. Доколку забележат промени кај свињите, веднаш да се обратат во ветеринарна станица.
  • Да се проследи Барање до Дирекцијата за заштита и спасување за отстапување на механизација (2 скипа и 2 кипера) за опремување на две екипи за теренска работа, во случај на ваква потреба.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст