Програма за одбележување на 11 Октомври – Ден на народното востание и Ден на борецот
Од името на градоначалникот и Советот на Општина Куманово Ве покануваме заеднички да го одбележиме 11 Октомври-Ден на народното востание и Ден на борецот, како значаен датум од македонската историја.
Спортски манифестации по повод 11 Октомври во организација на Општински сојуз на спортови Куманово и соодветен спортски клуб
– од 08-10.10.2022 година Турнир во тенис (Отворено првенство) за деца до 14 години, на тениските терени кај спортска сала Куманово
– на 08.10. Меѓународен атлетски митинг за деца до 14 години на атлетски полигон Соколана со почеток од 10.30 часот (Официјална програма и фамилијарна штафета)
– на 09.10. Меѓународен куп 11 Октомври во спортски риболов, на Гого Монт, со почеток од 07.00 часот
– на 09.10. ЗСПК Козјак со 24-ти Меморијален марш Појак Калман на релација Степанце-Врв Китка и обратно
– на 09.10. Турнир во одбојка во женска конкуренција, во спортска сала на ООУ Христијан Карпош со почеток во 12.00 часот
– на 11.10. Турнир во ракомет во спортската сала на СОУ Перо Наков, со почеток во 10.00 часот
– на 11.10. Турнир во пинг понг во спортската сала на СОУ Гимазија Гоце Делчев, со почеток во 10.30 часот
– на 11.10. Велосипедска трка ТРОФЕЈ 11 Октомври, кружна трка со старт спортска сала-Октомвриска револуција и Трета МУБ, со почеток во 12.00 часот и училишна трка од 11.00 часот
– на 11.10. Аикидо семинар во сала на Аикидо клуб Агатсу со почеток во 19.00 часот
– на 13.10. „На партија шах„ – Меѓународен турнир со големи мајстори пред НУ Центар за култура Трајко Прокопиев со почеток во 17.00 часот и во 13.00 часот брзопотезен турнир во просториите на клубот.
-на 16.10. ЗПЗП Козјак 2013 со традиционална Планинарска акција на меѓународно ниво на планината Козјак (од Малотино, врв Вирови до Кокино).