Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прв детски ТВ фестивал “Бисерчиња” во Куманово

Во Занаетчиски дом Куманово, со беспрекорна организација се одржа првиот детски ТВ фестивал “Бисерчиња”. Учество зедоа дечиња од 5 до 12-годишна возраст, кои интерпретираа 12 сопствени песнички со видео записи.
Идејата за проектот потекнува од Здружението за уметност и култура ”Мулти Арт” – Куманово, реализирана со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Во мозаикот на културни настани во Куманово оставаме простор за овој фестивал, надевајќи се дека ќе прерасне во традиција, која ќе ги радува најмалите.
На настанот присуствуваше секретарот на Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст