Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворено е Советувалиште за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство

Претседателката на Советот на Општина Куманово со претставници од општинската администрација денеска присуствуваше на отварање на Советувалиште за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Ова Советувалиште е отворено како дел од проектот ”Комфор зона за жени” на Хуманитарното здружение “Мајка” во партнерство со Национален ромски центар, кое се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНДП.
Проектот “Комфор зона за жени” финансиски е поддржан од Општина Куманово.
Советувалиштето за жени и деца, жртви на родово базирано и семејно насилство ќе обезбедува бесплатна,сеопфатна и специјализирана психосоцијална помош, правна помош и поддршка,услуги за економско јакнење,кариерно советување, професионална ориентација и тренинзи за меки вештини за жени,жртви на насилство.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст