Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавна дебата за прецизирање на приоритети за претстојниот повик за финансирање на граѓански организации и фондации

Во кружната сала во зградата на поранешните општествено политички организации денеска во Општина Куманово  се одржа јавна дебата за прецизирање на приоритети за претстојниот повик за финансирање на граѓански  организации и фондации преку регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, проект кој е финансиран од ЕУ, а се спроведува  од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово  со претставници на општинската администрација.
Основна цел на проектот е јакнење на партнерството меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети за да се зголеми  граѓанското учество и учество на младите во донесувањето на одлуки и подобра  испорака на услуги за граѓаните на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст